ПОПЛАВИТЕ УРНАА ВИЈАДУКТ НА АВТОПАТ ВО ИТАЛИЈА, ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ФРАНЦИЈА

    ПОПЛАВИТЕ УРНАА ВИЈАДУКТ НА АВТОПАТ ВО ИТАЛИЈА, ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ФРАНЦИЈАТриесетметарска издигната секција од автопатот во близина на Савона се урна под налетот на земјата (Фото: АП)

    Две лица загинаа во Франција, а во Италија се урна вијадукт на автопат откако силно невреме го погоди регионот викендов, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиште.

    Триесетметарска издигната секција од автопатот во близина на крајбрежниот град Савона се урна под налетот на земјата и снимките од воздух покажаа автомобили и камион застанати на сам раб од бездната.

    Џовани Тоти, гувернерот на Лигурија, кажа дека лизгањето се случило во ридска, шумска област и пожарникарите го пребаруваат теренот со кучиња со цел да се лоцираат евентуални жртви покопани во два метра длабока кал. Засега е непознато дали има паднати автомобили од вијадуктот.

    Оваа делница е дел од автопатот што ја поврзува Савона со Торино.

    Поплавите во Торино, пак, доведоа до откажување на маратонот, додека во француските Алпи се излеале реките. Спасувачките екипи пронајдоа две тела, а уште две лица се водат како исчезнати.

    Француската метеоролошка служба објави дека врнежите од последните 24 часа се рамни на количеството за два месеца.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира