ПОРОШЕНКО И ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ИМААТ ДЕБАТА НА СТАДИОН ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ВО УКРАИНА

    ПОРОШЕНКО И ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ИМААТ ДЕБАТА НА СТАДИОН ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ВО УКРАИНАПорошенко и Зеленски ќе одат и на тестирање за алкохол и дрога (Фото: Гети)

    Петро Порошенко го прифати предизвикот на својот ривал на претседателските избори во Укриана, Володимир Зеленски и тие во пресрет на вториот круг ќе се соочат на дебата, што ќе се одржи на стадион.

    Двајцата, исто така, се согласија да бидат подложени на тест за алкохол и дрога.

    Засега не е познат датумот на телевизиското соочување, но тоа ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Киев, што може да собере 70.000 гледачи.

    Ова доаѓа неколку дена откако комичарот Зеленски победи во првиот круг на изборите, со 30% освоени гласови, додека за актуелниот претседател Порошенко гласаа 18% избирачи. Тие влегоа во вториот круг, што ќе се одржи на 21 април.

    Порошенко го повика Зеленски на дебата во пресрет на првиот круг, но тој одби, па сега преку социјалните мрежи му упати еден поразличен предизвик.

    „Ти мислеше дека сум избегал и сум се сокрил, но јас не сум ти од 2014-та“, кажа Зеленски.

    Еден од неговите услови беше дебатата да оди во пренос на сите заинтересирани медиуми.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира