ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ СТАВИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, АЛБАНИЈА ГИ ЗАТВОРА УЧИЛИШТАТА НА ДВЕ НЕДЕЛИ

    ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ СТАВИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, АЛБАНИЈА ГИ ЗАТВОРА УЧИЛИШТАТА НА ДВЕ НЕДЕЛИНиз светот досега се пријавени над 111.000 случаи на коронавирус (Фото: АП)

    Претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса ги суспендираше сите свои активности на две недели и од претпазливост се стави во самоизолација.

    Тој донесол ваква одлука откако група ученици ја посети претседателската палата во вторникот, за потоа едно дете од истото училиште да биде пренесено во болница. Од кабинетот на претседателот не потврдија дека станува збор за случај на коронавирус, но училиштето од северна Португалија во меѓувреме е затворено.

    Во Португалија досега има повеќе од 20 заразени.

    И еден вработен во паркот Дизниленд во Париз имал позитивен тест на коронавирус. Оттаму кажаа дека станува збор за припадник на обезбедувањето, додавајќи дека паркот нема да биде затворен.

    Албанскиот премиер Еди Рама објави дека сите училишта ќе бидат затворени во наредните две недели откако денеска беа потврдени првите два случаи на КОВИД-19 во земјата. Забранети ќе бидат и авионските летови кон северна Италија.

    Во Иран има нови 43 починати од коронавирусот, со што вкупната бројка порасна на 237.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира