ПОВЕЌЕ ОД 350 ДЕМОНСТРАНТИ, МЕЃУ КОИ И ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА НАВАЛНИ УАПСЕНИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПУТИН

    ПОВЕЌЕ ОД 350 ДЕМОНСТРАНТИ, МЕЃУ КОИ И ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА НАВАЛНИ УАПСЕНИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПУТИНПолицијата фаќајќи го Навални за раце и нозе го отстани од плоштадот „Пушкин“ во Москва, со објаснување дека ги прекршил прописите за организирање на протест.(Фото: Си-Ен-Ен)

    Лути поради претстојната инаугурацијата на Владимир Путин за претседател, илјадници Руси денес протестираа во повеќе градови низ Русија под слоганот „Тој не е наш цар“.

    Полицијата уапси повеќе од 350 демонстранти меѓу кои и лидерот на опозицијата и организатор на протестите Алексеј Навални. Полицијата фаќајќи го Навални за раце и нозе го отстрани од плоштадот „Пушкин“ во Москва, со објаснување дека ги прекршил прописите за организирање на протест.

    Владимир Путин ќе биде инаугуриран на нов шестгодишен мандат во понеделник откако победи на изборите во март со поддршка од 77 отсто од граѓаните на Русија.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари