ПРИОРИТЕТ ЗА ВАКЦИНАТА ЗА КОВИД-19 ЌЕ ИМААТ ВРАБОТЕНИТЕ И ЖИТЕЛИТЕ ВО ДОМОВИ ЗА СТАРИ ЛИЦА, РЕЧЕ МЕРКЕЛ

    ПРИОРИТЕТ ЗА ВАКЦИНАТА ЗА КОВИД-19 ЌЕ ИМААТ ВРАБОТЕНИТЕ И ЖИТЕЛИТЕ ВО ДОМОВИ ЗА СТАРИ ЛИЦА, РЕЧЕ МЕРКЕЛСкоро 1 милион луѓе во Германија живеат во домови за стари лица и згрижување, а земјата бара да купи 100 милиони дози вакцина што ја развиваат германската фармацевтска компанија „БиоНТех“ и американскиот партнер „Фајзер“. (Фото: АП)

    Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека работниците во домовите за стари лица и луѓето за кои тие се грижат ќе бидат меѓу првите кои ќе добијат пристап до вакцини за коронавирус. Меркел денеска во видео обраќањето рече дека вработените и жителите на домовите за стари лица „ќе имаат приоритет“ веднаш штом ќе се добие вакцина.

    Скоро 1 милион луѓе во Германија живеат во домови за стари лица и згрижување. Земјата бара да купи 100 милиони дози вакцина што ја развиваат германската фармацевтска компанија „БиоНТех“ и американскиот партнер „Фајзер“.

    Германската агенција за контрола на болести објави уште 22,461 потврдени случаи на ковид-19 во текот на 24 часа до денес, како и 178 дополнителни смртни случаи. Од почетокот на пандемијата, Германија има 773.556 позитивни и 12.378 починати од ковид-19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира