ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО 12 ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОЖАРОТ НА ТРАЕКТОТ КАЈ КРФ

    ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО 12 ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОЖАРОТ НА ТРАЕКТОТ КАЈ КРФОколу 280 патници се евакуирани на островот Крф. (Фото: АП)

    Спасувачките тимови во Грција денеска ја продолжија потрагата по 12 лица за кои се смета дека се исчезнати од траектот што вчера се запали во Јонското Море додека беше на пат кон Италија и гори веќе втор ден. Откако работеа цела ноќ за да го изгаснат пожарот, противпожарните бродови го опколија „Еурофери Олимпија“, во кој се превезуваа повеќе од 290 патници и членови на екипажот кога избувна пожарот.

    Грчката крајбрежна стража и екипажот на други чамци евакуираа околу 280 луѓе на островот Крф. Властите го зголемија бројот на луѓе што се сметаат за исчезнати од 11 на 12, откако открија дека лице од траектот не е наведено на листата на патници. Меѓу исчезнатите се и тројца Грци. Останатите исчезнати патници најверојатно се се претежно од Бугарија.

    Властите рекоа дека меѓу спасените има државјани на Албанија, Турција, Бугарија, Романија, Грција, Италија и Литванија.

    Пожарот избувна три часа откако траектот тргна од пристаништето Игуменица во северозападна Грција кон италијанското пристаниште Бриндизи. Бродот превезувал 153 камиони и 32 автомобили. Причината за пожарот беше нејасна. Компанијата со седиште во Италија, која управува со траектот, рече дека пожарот избувнал во складиштето каде што биле паркирани возила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира