ПУТИН Е УБИЕЦ, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ ОТКАКО ТРАМП КАЖА ДЕКА ТОЈ МУ Е ПРИЈАТЕЛ

ПУТИН Е УБИЕЦ, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ ОТКАКО ТРАМП КАЖА ДЕКА ТОЈ МУ Е ПРИЈАТЕЛПред историската трилатерална средба на 19 нoември со кинескиот лидер Шји Џинпинг и Путин, Трамп го нарече Путин свој „пријател“ и изјави дека двајцата лидери имаат „одлични односи долги години“. (Фото: ДПА)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Владимир Путин е „убиец“, како одговор на тоа што Доналд Трамп го нарече рускиот лидер свој „пријател“, за време на посетата на Кина изминатава недела. Во изјава за „Си-Ен-Ен“, Зеленски рече дека останува на американскиот претседател „како ќе го нарече Путин“, но „за нас, тој е непријател… за нас, тој е убиец“.

Пред историската трилатерална средба на 19 нoември со кинескиот лидер Шји Џинпинг и Путин, Трамп го нарече Путин свој „пријател“ и изјави дека двајцата лидери имаат „одлични односи долги години“.

Руските напади продолжија во текот на ноќта, при што загинаа две лица, меѓу кои и едно момче, а 52 лица беа повредени во ракетни напади и напади со беспилотни летала врз родниот град на Зеленски, Криви Рих, во централниот регион Днепропетровск, соопштија властите. Државната служба за вонредни состојби на Украина (ДСНС) соопшти дека 11 лица се повредени и во североисточниот регион Харкив, а едно лице во Ривне, на северозапад.

Вчера, најмалку девет лица загинаа во руски напади насочени кон мостови во главниот град Киев и железнички станици во западна Украина. Зеленски го нарече нападот „најголемиот оваа година“, и кажа дека биле употребени 110 ракети (вклучувајќи 27 балистички) и повеќе од 400 беспилотни летала. Нападите уследија неколку дена откако Украина сериозно го оштети Кримскиот мост.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира