ПУТИН ИМ НАРЕДИ НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ВАГНЕР ДА ПОТПИШАТ ЗАКЛЕТВА ЗА ВЕРНОСТ

    ПУТИН ИМ НАРЕДИ НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ВАГНЕР ДА ПОТПИШАТ ЗАКЛЕТВА ЗА ВЕРНОСТоведувањето задолжителна заклетва за вработените во Вагнер и другите приватни воени групи е јасен потег да се стават таквите групи под построга државна контрола.(Фото:АП)

    Рускиот претседателот Владимир Путин им нареди на припадниците на војската Вагнер да потпишат заклетва за верност кон руската држава по авионска несреќа за која загина нивниот шеф Евгениј Пригожин.

    Путин го потпиша указот во петокот и одлуката веднаш стапи на сила. Воведувањето задолжителна заклетва за вработените во Вагнер и другите приватни воени групи е јасен потег да се стават таквите групи под построга државна контрола.

    Уредбата, објавена на веб-страницата на Кремљ, го обврзува секој кој работи во име на војската или ја поддржува, како што Москва ја нарекува нејзината „специјална воена операција“ во Украина, да даде формална заклетва за верност кон Русија.

    Опишан во декретот како чекор за создавање на духовни и морални основи за одбраната на Русија, во формулацијата на заклетвата војниците ветуваат дека строго ќе ги следат наредбите на командантите и високите водачи.

    Сопственикот на руската приватна армија Вагнер, Евгени Пригожин во средата загина во авионска несреќа, откако неговиот авион Ембраер Легаси 600 падна во регионот Твер, околу 350 километри од Москва.

    Путин како апсолутна лага ги оцени наводите дека Пригожин бил убиен по негова наредба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира