ПУТИН НЕ Е БОЛЕН, ВЕЛИ ЛАВРОВ

    ПУТИН НЕ Е БОЛЕН, ВЕЛИ ЛАВРОВСпоред некои шпекулации, Путин има рак (Фото: ЕПА)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги демантираше шпекулациите дека Владимир Путин е болен. Путин, кој доминира во руската политика во изминатите две децении, ќе наполни 70 години во октомври.

    Путин се појавува во јавност речиси секој ден. Можете да го видите на телевизија и да ги читате и слушате неговите говори. Мислам дека разумни луѓе не можат кај него да забележат никакви знаци на болест или користење лекови“, кажа Лавров.

    Покрај западните, и некои руски извори тврдат дека Путин има агресивна форма на рак.

    Повторувајќи ги тврдењата на Кремљ дека Русија се бори против неонацистичкиот режим во Украина и дека сака да ја демилитаризира земјата, Лавров истакна дека главен приоритет на Москва е ослободувањето на Донбас.

    Победата во регионите Доњецк и Луганск, кои Руската Федерација ги признава како независни држави, е безусловен приоритет. Во остатокот на Украина, луѓето сами нека решат дали се среќни да се вратат под власта на неонацистички режим, кој се покажа како русофобен“.

    Руските сили уште во март ја прекинаа офанзивата на Киев, а неодамна беа принудени да се повлечат и од околината на Харкив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира