ПУТИН НЕ ПОКАЖА ПОДГОТВЕНОСТ ДА ЈА ПРЕКИНЕ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ВО РАЗГОВОРОТ СО МАКРОН И ШОЛЦ, ВЕЛАТ ОД КАБИНЕТОТ НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

    ПУТИН НЕ ПОКАЖА ПОДГОТВЕНОСТ ДА ЈА ПРЕКИНЕ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ВО РАЗГОВОРОТ СО МАКРОН И ШОЛЦ, ВЕЛАТ ОД КАБИНЕТОТ НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛВо разговорот со Путин, лидерите на Франција и Германија го повториле повикот за итен прекин на огнот во Украина како услов за целосни преговори. (Фото: ТАСС)

    Рускиот претседател Владимир Путин не покажал подготвеност да ја прекине војната во Украина за време на телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, кажа функционер од кабинетот на Макрон.

    Во разговорот со Путин, лидерите на Франција и Германија го повториле повикот за итен прекин на огнот во Украина како услов за целосни преговори.

    Во меѓувреме, украинските власти соопштија дека гранатирањето и заканите од руски воздушни напади ја загрозуваат евакуацијата на цивилите од опколените градови.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Русија испраќа нови трупи против украинските сили, но дека неговата армија неутрализирала 31 батаљонски тактички групи. Зеленски вели дека 500-600 руски војници се предале само вчера, а околу 1.300 украински војници загинале од почетокот на војната.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира