ПУТИН НЕНАДЕЈНО ДОЈДЕ ВО МАРИУПОЛ КОЈ РУСИЈА ГО РАЗУРНА И УБИ 20.000 ЖИТЕЛИ

    ПУТИН НЕНАДЕЈНО ДОЈДЕ ВО МАРИУПОЛ КОЈ РУСИЈА ГО РАЗУРНА И УБИ 20.000 ЖИТЕЛИСпоред државните агенции, Путин се прошетал низ градот и разговарал со жителите. (Фото: Ројтерс)

    Рускиот претседателот Владимир Путин дојде во ненадејна посета на Мариупол, украинскиот пристанишен град што руските сили го зазедоа откако речиси целосно го разурнаа и уништија, објавија државните медиуми, додавајќи дека слетал со хеликоптер. Ова е прво патување на Путин на териториите окупирани од Русија во украинскиот регион Донбас од почетокот на конфликтот. Според државните агенции, се прошетал низ градот и разговарал со жителите.

    Мариупол е под руска окупација повеќе од 10 месеци откако беше уништен во една од најдолгите и најкрвавите битки во војната. Мариупол падна лани во мај по една од најдолгите и најкрвавите битки во војната, што ја означи првата голема победа на Русија откако не успеа да го освои Киев и наместо тоа се фокусираше на југоисточна Украина. Украина соопшти дека таму биле убиени повеќе од 20.000 луѓе. Анализата на ОН проценува дека 90% од зградите биле оштетени, а околу 350.000 луѓе биле принудени да си заминат од градот кој пред војната броеше околу 500.000 жители.

    Група локални жители изјавија за „Би-Би-Си“ дека Русија води скапа кампања за обнова на градот и придобивање на жителите. Целта е да се асимилира Мариупол и да стане дел од Русија. Руските власти соопштија дека сега таму живеат 300.000 луѓе.

    Во борбите Русија го нападна театарот во Мариупол каде се засолнуваа стотици цивили. Зградата се урна, а се верува дека таму загинале најмалку 300 луѓе. Украина и групите за човекови права велат дека нападот е воено злосторство. Тоа е меѓу инцидентите за кои Путин и неговиот режим би можеле да бидат правно одговорни, соопштија Обединетите нации. Организацијата за безбедност и соработка и Европа (ОБСЕ) соопшти дека бомбардирањето на Русија на мариуполското породилиште е воено злосторство.

    Путин дојде во Мариупол откако вчера замина за Крим во ненајавена посета на одбележувањето на деветгодишнината од руската анексија на полуостровот од Украина, и само два дена откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на негово апсење. Путин допрва треба јавно да го коментира налогот на Судот, но неговите патувања на територијата на Украина се оценети од јавноста како чин на пркос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира