Владимир Путин и Ким Џонг-Ун ветија дека нивните земји ќе ги зајакнат меѓусебните врски, откако тие за првпат се сретнаа во рускиот град Владивосток. Двајцата лидери топло се поздравија на стартот на дводневниот самит во тамошниот универзитет, на кој една од главните теми ќе биде денуклеаризација на корејскиот полуостров. Оваа средба уследи два месеца по пропаднатиот втор самит на Ким и Доналд Трамп во Виетнам.
„Имавме многу значајна размена на мислења за теми кои се од заемен интерес. Изминаа седум години откако сум на власт, а досега немав можност да ја посетам Русија. Се надевам дека ќе имаме корисна средба во насока на подобрување на односите помеѓу нашите земји, кои имаат долго пријателство“, изјави Ким.
Путин додека дека разговарале и за односите помеѓу двете Кореи и што може да се направи за да се подобри ситуацијата. Тој исто така се понудил да помогне во нормализирањето на и односите помеѓу САД и Северна Кореја.
„Фокусот на самитот ќе биде на нуклеарната програма на Северна Кореја. Се надеваме дека овој самит ќе помогне да заживеат прекинатите преговори помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг“, изјави советникот на Путин за надворешна политика, Јури Ушаков.