ПУТИН ЖИВЕЕ ВО РАЗЛИЧНА РЕАЛНОСТ, САД ГИ ПРИФАТИЈА НАШИТЕ ПРОЦЕНКИ ЗА СОСТОЈБАТА НА ФРОНТОТ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    ПУТИН ЖИВЕЕ ВО РАЗЛИЧНА РЕАЛНОСТ, САД ГИ ПРИФАТИЈА НАШИТЕ ПРОЦЕНКИ ЗА СОСТОЈБАТА НА ФРОНТОТ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИЗеленски го опиша првиот ден од разговорите ви Абу Даби како конструктивен и суштински (Фото: АП)

    Володимир Зеленски изјави дека САД ја поддржале проценката на Украина за тоа што се случува на бојното поле, додавајќи дека Владимир Путин живее во „различна реалност“.  Тој се огласи по првиот ден од трилатералните разговори помеѓу Украина, Русија и САД во Абу Даби, први од февруари.

    „Русија на разговорите тврдеше дека окупирала половина од Донбас. Ова е проблемот. Путин живее во различна реалност. Можам и јас да му нацртам слика каде што целосно ја окупирам Русија. Но, тоа не е вистина“, кажа Зеленски.

    Контролата врз Донбас останува една од клучните точки на несогласување помеѓу завојуваните страни. Русија незаконски ги прогласи за свои тамошните региони Луганск и Доњецк, но и натаму не ги контролира во целост.

    „Руските воени офицери и руското разнунавање се сериозни за нивните тврдења. Од нашиот тим им кажаа ‘имаме видеоснимки, слики, други работи што докажуваат дека овие области се под наша контрола‘. Секако, Путин ќе сподели со Американците дека му требаат еден или два месеца за целосно да го окупира истокот на Украина, но тоа не е вистина. Добро беше што американската страна ја потврди украинската проценка за тоа што се случува на бојното поле“, кажа Зеленски.

    Опишувајќи го првиот ден од разговорите како конструктивен и суштински, Зеленски рече дека е среќен што видел промена во пристапот на американските посредници.

    „Гледам промени. Многу сум задоволен од она што го слушам. Ќе видиме што може да се направи“, рече тој.

    Зеленски изјави дека агендата во Абу Даби вклучувала и формулирање на нова безбедносна архитектура за Европа, на што инсистирала руската страна.

    „Сите сме многу претпазливи во врска со оваа тема бидејќи никој навистина не разбира 100% што сакаат Русите. Никој не ги видел документите и не знае што разговарале Американците со Русите“, рече Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира