РАДЕВ МУ СЕ ЗАКАНИ СО ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ НА ПЕТКОВ АКО ГО ТРГНЕ ВЕТОТО ЗА МАКЕДОНИЈА

    РАДЕВ МУ СЕ ЗАКАНИ СО ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ НА ПЕТКОВ АКО ГО ТРГНЕ ВЕТОТО ЗА МАКЕДОНИЈАБугарскиот претседател Румен Радев е познат по антимакедонските ставови. (архивска фотографија)

    Бугарскиот претседател Румен Радев денеска кажа дека премиерот Кирил Петков мора да ги отстрани сите сомнежи дека може да отстапи од бугарската позиција во врска со Македонија на претстојниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

    „Идната недела премиерот заминува за Брисел и треба да опстои на националните интереси. Затоа и парламентот, но и Бугарите треба да знаат однапред и јасно каква позиција ќе заземе премиерот. Но, тој не може да ја напушти рамката на Консултативниот совет за национална безбедност. Сите трикови или обиди за замена ќе имаат тешки последици“, изјави Радев пред бугарските новинари.

    Во Бугарија има нова политичка криза деновиве, откако Слави Трифонов ја повлече својата партија Има таков народ од владејачката коалиција, со тврдење дека Петков има намера да го тргне ветото за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира