РАЗДОР ВО СЛОВАЧКАТА ВЛАДА ОТКАКО ПРЕМИЕРОТ МАТОВИЧ ТАЈНО ДОГОВОРИЛ ДВА МИЛИОНА РУСКИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19

    РАЗДОР ВО СЛОВАЧКАТА ВЛАДА ОТКАКО ПРЕМИЕРОТ МАТОВИЧ ТАЈНО ДОГОВОРИЛ ДВА МИЛИОНА РУСКИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19Премиерот Матович (десно) со првите дози од „спутник“ кои пристигнаа во Словачка (Фото: АП)

    По Унгарија, Словачка е втората земја од Европска Унија која ја одобри руската вакцина против ковид-19 „спутник“, што доведе до криза и раздор во тамошната владејачка коалиција. Словачка во наредните месеци ќе добие два милиона дози откако премиерот Игор Матович склучил таен договор со Русија, и покрај негодувањата на неговите политички партнери.

    Претседателот на партијата Слобода и солидарност, Рихард Сулик, изјави дека ситуацијата во коалицијата е толку сериозна што тешко може да продолжи во ваков облик.

    „Очигледно е дека потфрливме во борбата против пандемијата“, изјави Сулик, барајќи реконструкција на владата.

    Матович го брани договорот со Русија, сметајќи дека тоа ќе ја забрза имунизацијата во една од најтешко погодените земји во ЕУ. Од друга страна, министерот за надворешни работи Иван Корчок го осуди договорот, опишувајќи ја вакцината како алатка на Русија во хибридната војна против запад.

    „Ова фрла сенка врз јасната прозападна ориентација на земјата“, кажа Корчок.

    Претседателката Зузана Чапутова изјави дека ги прифаќа сите достапни безбедни вакцини кои можат да спасат животи, но „спутник“ не е една од нив зашто не е одобрена од европските регулатори и никој не гарантира за неа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира