РЕФЕРЕНДУМ ВО ИРСКА ЗА ПРОМЕНИ НА СТРОГИТЕ ОДРЕДБИ ЗА АБОРТУС

    РЕФЕРЕНДУМ ВО ИРСКА ЗА ПРОМЕНИ НА СТРОГИТЕ ОДРЕДБИ ЗА АБОРТУСГраѓаните треба да се изјаснат дали се согласуваат да се укине Осмиот амандман на Уставот донесен 1983 година, со кој прекин на бременоста се дозволува само кога е загрозен животот на мајката, но не и во случаи на инцест, силување или фатална абнормалност на плодот (Фото: Ројтерс)

    Граѓаните на Ирска денеска на референдум се изјаснуваат дали се за промени на одредбите за абортус. Околу 3,2 милиони Ирци, треба да се изјаснат дали се согласуваат да се укине Осмиот амандман на Уставот донесен 1983 година, со кој прекин на бременоста се дозволува само кога е загрозен животот на мајката, но не и во случаи на инцест, силување или фатална абнормалност на плодот. Според сегашните одредби, за илегален абортус се предвидува казна од 14 години затвор.

    Доколку референдумот биде успешен и граѓаните на Ирска се изјаснат за укинување на строгиот амандман, тогаш се предвидуваат законски промени со кои ќе биде дозволен абортус до 12-та недела од бременоста. Гласачките места се отворени во 7 часот по локално време, а граѓаните ќе можат да се изјаснат по прашањето до 22 часот. Резултатите од референдумот се очекуваат да бидат познати утре.

    Поради строгите одредби за абортус во Ирска, голем број Ирки се одлучуваат да ја прекинат несаканата бременост во Велика Британија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира