РОМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈА РАЗРЕШИ СПЕЦИЈАЛНАТА ОБВИНИТЕЛКА ЛАУРА КОВЕСИ

    РОМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈА РАЗРЕШИ СПЕЦИЈАЛНАТА ОБВИНИТЕЛКА ЛАУРА КОВЕСИРоманската специјална обвинителка Лаура Кодрута Ковеси на 21 и 22 март 2016 беше во Скопје на конференција за антикопрупција и на средбата со специјалната обвинителка Катица Јанева и кажа никогаш да не се разочарува и никогаш да не се откажува при водење на истрагите (Фото: СДК.МК)

    Романската Специјалната обвинителка Лаура Кодрута Ковеси од денеска не го води Специјалното јавно обвинителство (ДНА) чиј што имаше голем успех во борбата против корупцијата го крена рејтингот на Романија. Претседателот Клаус Јоханис денеска го потпиша указот за разрешување на Ковеси, по одлуката на Уставниот суд и по барање на Владата.

    „Корупцијата може да биде поразена, не се откажувајте“, им порача на граѓаните Ковеси на денешната прес-конференцијата и рече дека во моментов нема политичка волја за независно правосудство.

    Министерот за правда Тудорел Тоадер од Социјалдемократската партија иницираше процедура за разрешување на Ковеси. Тој во февруари побара разрешување на Ковеси, велејќи дека ги надминала нејзините овластувања и го оштетила имиџот на земјата во странство и дека истрагите и биле политички мотивирани. Неговото барање собра илјадници демонстранти на улиците, кои го кренаа гласот против корупцијата. Ковеси која осуди и неколку видни членови на оваа партија, меѓу кои и поранешниот партиски лидер за изборни нерегуларности.

    Ковеси е на чело на ДНА од 2013, а претходно беше јавен обвинител на Романија. Денеска таа рече дека повеќе нема да работи во ДНА но ќе остане обвинителка.

    Во годишниот извештај што го презентираше во февруари, Ковеси кажа дека во 2017 на суд биле  изведени 1.000 функционери под обвинение за корупција за штета што достигнува до 260 милиони евра, меѓу кои има тројца министри, шест пратеници и поранешен претседател на Парламентот, кривично гонеле 713 функционери, меѓу кои и 28 градоначалници, 38 директори на јавни институции и еден сенатор. Во 90 отсто случаи покренатите обвиненија завршуваат и со судска пресуда. Меѓу осудените, на 10 години затвор за корупција, е и Дан Воикулеску, политички, бизнис и медиумски тајкун, чии медиуми предничат во кампањите за оцрнување на обвинителката Ковеси и дискредитација на ДНА.

    На 21 март 2016 Ковеси и Јанева се сретнаа во Скопје на конференцијата за антикорупција (Фото: СДК.МК)

    Европската комисија и САД денеска ја предупредија Романија дека е важно судскиот систем во Романија да биде независен, за да има моќ да се бори против корупцијата.

    Романската специјална обвинителка Лаура Кодрута Ковеси на 21 и 22 март 2016 беше во Скопје на конференција за антикопрупција која беше дел од програмата за антикорупција на американската владина агенција за странска помош УСАИД и на средбата со специјалната обвинителка Катица Јанева и кажа никогаш да не се разочарува и никогаш да не се откажува при водење на истрагите.

    „Имам порака до Јанева. Не се откажувај! Никогаш не се откажувај! Направи го тоа за твојата држава и за твоите сограѓани, без оглед на пречките со кои ќе се соочиш и кои ќе ти ги постават“, рече Ковеси.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари