РУСИЈА ИМА КОВИД ВАКЦИНИ ВО ИЗОБИЛСТВО, АМА ИНТЕРЕСОТ Е СЛАБ ОТИ ДУРИ НИ ПУТИН НЕ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРЕД КАМЕРИ

    РУСИЈА ИМА КОВИД ВАКЦИНИ ВО ИЗОБИЛСТВО, АМА ИНТЕРЕСОТ Е СЛАБ ОТИ ДУРИ НИ ПУТИН НЕ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРЕД КАМЕРИДо 27 април, само 12,1 милиони луѓе добиле една доза, а само 7,7 милиони, или 5%, се целосно вакцинирани во Русија. (Фото: АП)

    Русија лани се пофали дека е прва во светот што одобри вакцина против коронавирус, но сега заостанува во имунизирање на популацијата. Тоа доведе до сомнеж дали властите ќе ја постигнат својата амбициозна цел до средината на јуни да вакцинираат над 30 милиони од 146-те милиони жители во земјата и скоро 69 милиони до август. Неволност за вакцинирање има, иако вацините се лесно достапни во главниот град за секого над 18 години во повеќе од 200 државни и приватни клиники, трговски центри, места за исхрана, болници – дури и в театар.

    Од средината на април, над 1 милион од 12,7 милиони жители на Москва, или околу 8%, добиле барем еден доза, иако кампањата започна во декември. Тој процент е сличен и за Русија како целина. До 27 април, само 12,1 милиони луѓе добиле една доза, а само 7,7 милиони, или 5%, се целосно вакцинирани. Со тоа Русија е далеку зад САД, каде 43% добиле барем една доза, а во Европската унија скоро 27%.

    Неволност за вакцинирање има, иако вацините се лесно достапни во главниот град за секого над 18 години во повеќе од 200 државни и приватни клиники, трговски центри, места за исхрана, болници – дури и в театар. (Фото: АП)

    Аналитичарот Александар Драган, кој ги следи вакцинациите низ цела Русија, вели дека земјата вакцинира по 200.000-205.000 луѓе на ден. За да се постигне целта до средината на јуни, треба да се вакцинираат скоро двојно повеќе од тоа.

    „Треба да започнеме да вакцинираме 370.000 луѓе на ден, уште од утре“, вели Драган.

    За да ја зголемат побарувачката, властите во Москва започнаа да нудат купони во вредност од 1.000 рубљи (13 долари) на оние над 60 години кои ќе се вакцинираат – не е мала сума за оние кои примаат месечни пензии од околу 20.000 рубљи (260 долари). Сепак, нема голем ентузијазам. Некои московјани велат дека е тешко да се регистрираат онлајн за купоните или пак дека тешко се наоѓаат продавници кои ги прифаќаат.

    Други региони исто така нудат стимулации. Властите во Чукотка им ветија на постарите 2.000 рубљи за вакцинирање, додека соседниот регион Магадан понуди 1.000 рубљи. Театар во Санкт Петербург понуди билети со попуст за оние кои ќе покажат потврда за вакцинација.

    Заостанатата стапка на вакцинација во Русија зависи од повеќе фактори, вклучително и снабдувањето. Руските производители на лекови бавно го зголемуваат масовното производство, а во март имаше недостиг во многу региони. Досега се произведени само 28 милиони комплети со две дози од сите три вакцини достапни во Русија, од кои најголем дел се „спутник“, а само 17,4 милиони се пуштени во оптек откако поминале под контрола на квалитетот. Рускиот производител сега преговара со Кина, за вакцината да се произведува и во кинески фабрики.

    За да ја зголемат побарувачката, властите во Москва започнаа да нудат купони во вредност од 1.000 рубљи (13 долари) на оние над 60 години кои ќе се вакцинираат – не е мала сума за оние кои примаат месечни пензии од околу 20.000 рубљи (260 долари), но сепак, нема голем ентузијазам. (Фото: АП)

    На 28 април, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека има доволно вакцини во Русија, додавајќи дека побарувачката е основен фактор за стапката на вакцинација во земјата.

    Друг фактор за неподготвеноста на Русите во однос на „спутник“ беше фактот дека вакцината беше пуштена во оптек иако тестирањето од големи размери беше сè уште во тек. Но, студија објавена во февруари во британското медицинско списание „Лансет“ вели дека вакцината се покажала безбедна и многу ефикасна против ковид-19, според едно испитување со околу 20.000 лица во Русија.

    Владините статистички податоци велат дека инфекциите останале на околу 8.000-9.000 дневно на национално ниво, со регистрирани 300-400 смртни случаи дневно. Но, новите случаи стабилно се зголемуваат во Москва во изминатиот месец, надминувајќи 3.000 минатата недела за прв пат од јануари.
    Експертите укажуваат и на погрешните владини политики за информирање за коронавирусот – прво беше дека не е поопасен од обична настинка, потоа дека се умира од него, па дека луѓето не смеат да излегуваат од дома. Сега пак, се вели дека третиот бран завршува, па луѓето си мислат, ако е готово зошто да се вакцинираме без потреба. Голема улога имаат и квазинаучните тврдења што се објавуваат по телевизиите, како и лажните вести што се шират по социјалните мрежи.

    Изобилството вакцини во Москва привлече странци кои не можат да се вакцинираат дома, па доаѓаат во Русија на вакцинален туризам; – Германски туристи се вакцинираат пре камери во Москва: (Фото: АП)

    Соодветна медиумска кампања за промовирање на вакцинацирање започна на државната телевизија дури кон крајот на март, забележуваат медиумските монитори. На видеата на националната мрежа Канал 1 се појавија познати личности и други јавни личности кои зборуваат за своето искуство, но не ги покажаа како ја примаат вакцината. Претседателот Владимир Путин рече дека се вакцинирал, но не ја прими вакцината пред камера.

    А сепак, изобилството вакцини во Москва привлече странци кои не можат да се вакцинираат дома, па доаѓаат во Русија на вакцинален туризам, особено од земјите во ЕУ како Германија, Италија, па дури и од Норвешка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира