РУСИЈА ЌЕ ОДГОВОРИ АКО НАТО НИ СЕ ЗАКАНИ ОД ШВЕДСКА И ФИНСКА, КАЖА ПУТИН

    РУСИЈА ЌЕ ОДГОВОРИ АКО НАТО НИ СЕ ЗАКАНИ ОД ШВЕДСКА И ФИНСКА, КАЖА ПУТИНПутин вели дека руските односи со Шведска и Финска неизбежно ќе се влошат (Фото: АП)

    Владимир Путин изјави дека Русија ќе одговори на свој начин ако Шведска и Финска дозволат НАТО да распореди свои трупи и инфраструктура на нивна територија откако тие ќе станат членки на западната воена алијанса.

    Ние немаме проблеми со Шведска и Финска како што имаме со Украина. Ако сакаат да се придружат на НАТО, само напред! Но, тие мора да разберат дека досега немаше закани, а сега, доколку таму бидат распоредени воени единици и инфраструктура, ние ќе мора да одговориме и да ги креираме истите закани кон териториите кои нам ни се закануваат“, изјави Путин при посетата на Туркменистан.

    Тој додаде дека руските односи со Шведска и Финска неизбежно ќе се влошат откако тие ќе пристапат во НАТО.

    Сè беше добро помеѓу нас, но сега би можело да има тензии. Секако дека ќе има. Тоа е неизбежно ако има закани по нас“, кажа Путин.

    Финска и Шведска решија да се откажат од својата долгогодишна политика на воена неутралност по руската инвазија на Украина и во мај аплицираа за членство во НАТО. Тие вчера и формално добија покана за членство и генералниот секретар Јенс Столтенберг очекува процедурата да заврши во рекордно краток рок. Русија го опиша проширувањето на НАТО како дестабилизирачки фактор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира