РУСИЈА МУ ДАДЕ АЗИЛ НА ПОРАНЕШНИОТ СИРИСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛ-АСАД

    РУСИЈА МУ ДАДЕ АЗИЛ НА ПОРАНЕШНИОТ СИРИСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛ-АСАДСпоред изворот од Кремљ, Асад и неговото семејство пристигнале во Москва по опсадата на Дамаск рано утринава. (Фото: ТАСС)

    Русија му даде азил на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад и на членовите на неговото семејство, изјави извор од Кремљ, објавија руските медиуми.

    Рано утринава падна сириската Влада, откако бунтовниците со брзина на молња ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск, а на улиците излегоа толпи народ за да го прослават крајот на 50-годишното владеење на семејството Асад.

    Според изворот од Кремљ, Асад и неговото семејство пристигнале во Москва. Водејќи се од хуманитарни причини, Русија им даде азил.

    „Русија отсекогаш зборувала за политичко решавање на сириската криза. Ние инсистираме да се обноват разговорите со посредство на ОН“, рече изворот.

    „Руските власти се во контакт со претставници на вооружената сириска опозиција, чии лидери ја гарантираа безбедноста на руските воени бази и дипломатски мисии на сириска територија“, додаде изворот.

    Сириската државна телевизија утринава објави видеоизјава на група мажи во која се вели дека претседателот Башар ал-Асад е соборен и сите затвореници во затворите се ослободени.

    Човекот кој ја прочита изјавата рече дека опозициската група позната како „Оперативна соба за освојување на Дамаск“ ги повика сите опозициски борци и граѓани да ги зачуваат државните институции на „слободната сириска држава“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира