РУСИЈА ПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 СО НИВНАТА ВАКЦИНА „СПУТНИК“

    РУСИЈА ПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 СО НИВНАТА ВАКЦИНА „СПУТНИК“Илјадници луѓе веќе се пријавија за првата од двете дози да ја примат за време на викендот. Некои здравствени работници ја примија уште во октомври. (Фото: Ројтерс)

    Русија ja почна вакцинацијата против ковид-19 со нивната вакцина „спутник“, која беше одобена во август. Вакцинацијата стартуваше во 70 пункта низ Москва, а ја примаат лицата од ризични категории.

    Творците на вакцината велат дека е 95 отсто ефикасна и дена не предизивикува поголеми несакани ефекти, но сѐ уште е подложна на масовно тестирање. Илјадници луѓе веќе се пријавија за првата од двете дози да ја примат за време на викендот. Од производителот се очекува да направи две милиона дози од вакцината до крајот на годината.

    Градоначалникот на Москва Сергеј Собијан, кој ја најави вакцинацијата на почетокот на неделата, рече дека во градот со 13 милиони жители првично ќе им биде понудена на вработените во здравството и школите, како и на социјалните работници. Лицата на возраст од 18 до 60 години од овие професии може онлајн да се регистрираат за да ја примат вакцината.

    Во Русија досега се регистрирани 2,382,012 случаи на ковид-19, а починаа 41,730 пациенти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира