РУСИЈА СТАНА НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ НА КИНА СО НАФТА

    РУСИЈА СТАНА НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ НА КИНА СО НАФТАМинатиот месец, Кина преку цевководи и танкери увезла 8,42 тони руска нафта (Фото: Гети)

    Русија станала најголемиот снабдувач со нафта на Кина, продавајќи ѝ ја по намалени цени поради западните санкции. Извозот на руската нафта минатиот месец пораснал за 55% во споредба со лани, со што Саудиска Арабија го изгуби статусот на најголем снабдувач на Кина.

    Таа го засилила купувањето на руската сурова нафта, иако побарувачката се намалила како резултат на ковид рестрикциите и забавениот раст на економијата.

    Во февруари, Кина и Русија соопштија дека нивното пријателство нема граници.

    Кинеските компании, вклучувајќи ги најголемите државни рафинерии, ги зголемија набавките на руската сурова нафта во изминатите месеци откако им била понудена по значително намалени цени, додека Европа и САД ги избегнуваат руските енергенси во согласност со санкциите. Минатиот месец, Кина преку цевководи и танкери увезла рекордни 8,42 тони нафта, објави државната царинска агенција.

    Севкупно, извозот на руските нафта и гас е во пад, а приходите од нивната продажба се намалиле, откако во март изнесувале над милијарда долари на ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира