САД и Израел официјално ја напуштаат Aгенцијата за образование, наука и култура на Обединетите нации УНЕСКО, што е кулминација на ситуацијата која траеше речиси една година поради загриженоста дека организацијата ја поттикнува антизраелската пристрасност. Повлекувањето е главно процедурално, но сепак претставува нов удар за УНЕСКО, која е кооснована од САД после Втората светска војна за да го поттикнува мирот.
Администрацијата на Трамп го поднесе известувањето за повлекување во октомври 2017, а потоа и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Организацијата со седиште во Париз беше критикувана поради нејзинита антиизраелска поддршка, како на пример критиките кон Израел за окупацијата на источен Ерусалим и именувањето на антички еврејски локалитети како културно наследство на Палестина, како и доделување на полноправно членство на Палестина во 2011.
Повлекувањето нема да има голем финаниски удар врз УНЕСКО, бидејќи се соочува со рестрикции уште од 2011 , кога Израел и САД престанаа да плаќаат откако Палестина беше изгласана како земја-членка.
САД и во 1984 се повлече од УНЕСКО. Администрацијата на Реган го направи тоа бидејќи ја сметаше агенцијата за лошо управувана, корумпирана и искористена за унапредување на советските интереси. САД повторно се врати во УНЕСКО во 2003.