САД ИМ СОВЕТУВААТ НА СВОИТЕ ЖИТЕЛИ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО КИНА ОТКАКО КОРОНАВИРУСОТ УБИ 213 ЛУЃЕ

    САД ИМ СОВЕТУВААТ НА СВОИТЕ ЖИТЕЛИ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО КИНА ОТКАКО КОРОНАВИРУСОТ УБИ 213 ЛУЃЕПрипадници на итни служби го проверуваат телото на маж кој починал на улица во Вухан (Фото: АФП)

    САД им советуваа на своите граѓани воопшто да не патуваат во Кина откако Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална вонредна состојба за новиот коронавирус, од кој, откако се појави пред нова година, починале најмалку 213 луѓе.

    Бројот на заразени драматично порасна за една недела и СЗО смета дека вирусот лесно би можел да се прошири во земји со послаб здравствен систем.

    „Главната причина за прогласувањето на вонредната состојба не е она што се случува во Кина, туку она што се случува во други земји“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

    Стејт департмент издаде предупредување од четврто ниво и соопшти дека „секој граѓанин би требало да размисли за одење во Кина“.

    Кина најави дека со чартер-летови ќе ги враќа дома сите жители на провинцијата Хубеи кои се наоѓаат во странство, бидејќи тие се соочуваат со проблеми околу превозот.

    Хубеи, односно градот Вухан, важи за центар на заразата и досега низ целата Кина се регистрирани повеќе од 10.000 случаи. Според СЗО, во 18 други земји има вкупно 98 заразени, но нема починати и повеќето од овие случаи се луѓе кои биле во Вухан.

    Во изминатиот период, Кина стави неколку градови во виртуелен карантин, што опфати повеќе од 50 милиони луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира