САД ЈА ПОЧНАА НАЈГОЛЕМАТА ДИСТРИБУЦИЈА НА ВАКЦИНИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА, ТРАМП КАЖА ДЕКА НЕМА ДА СЕ ВАКЦИНИРА МЕЃУ ПРВИТЕ

    САД ЈА ПОЧНАА НАЈГОЛЕМАТА ДИСТРИБУЦИЈА НА ВАКЦИНИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА, ТРАМП КАЖА ДЕКА НЕМА ДА СЕ ВАКЦИНИРА МЕЃУ ПРВИТЕВакцините се превезуваат во контејнери со големина на актовка (Фото: АП)

    Камиони исполнети со контејнери со големина на актовка кои содржат вакцини против ковид-19 тргнаа од производствениот погон на „Фајзер“ во Каламазу, Мичиген, откако САД ја почнаа најголемата и најсложена дистрибуција на вакцини во својата историја.

    Првите три милиони дози моментално се дистрибуираат до десетици локации во сите 50 американски сојузни држави и први кои ќе ја примат вакцината ќе бидат здравствените работници и штитениците на старечките домови. Доналд Трамп изјави дека вработените во Белата куќа нема да бидат меѓу првите кои ќе бидат вакцинирани.

    „Немам закажано кога ќе ја примам вакцината, но ќе го направам тоа во соодветно време. Сите вработени во Белата куќа би требало да ја примат вакцината малку покасно во програмата“, изјави Доналд Трамп, кој веќе беше заразен со коронавирус.

    Бројот на смртни случаи од ковид-19 во САД е во значителен пораст од минатиот месец, а дневен рекорд од 3.309 мртви беше регистриран во саботата. Ова се случи само ден откако Агенцијата за храна и лекови на САД даде одобрение за итно користење на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

    Федералните власти кажаа дека вакцините денеска ќе пристигнат во 145 дистрибуциски центри, а утре на уште 425 локации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира