САД ЌЕ ГО БРАНАТ СЕКОЈ САНТИМЕТАР ОД НАТО, КАЖА БАЈДЕН ВО ВАРШАВА

    САД ЌЕ ГО БРАНАТ СЕКОЈ САНТИМЕТАР ОД НАТО, КАЖА БАЈДЕН ВО ВАРШАВАБајден ја заврши тридневната посета на Полска и Украина (Фото: АП)

    Џо Бајден кажа дека Владимир Путин направил голема грешка што го суспендирал учеството на Русија во последниот преостанат договор за намалување на стратешкото нуклеарно вооружување со САД, попознат како „Нов старт“. Се очекува овој потег да има непосредно влијание врз увидот на САД во руските нуклеарни активности.

    Тоа е голема грешка“, кажа Бајден.

    Неговите коментари уследија на крајот на тридневната посета на Полска и Украина, при што се сретна и со лидерите од групата Букурешт 9, што ја сочинуваат државите од источното крило на НАТО, создадена како одговор на руската анексија на Крим во 2014. Многумина стравуваат дека Путин би можел да преземе воена акција против некоја од овие држави ако биде успешен во Украина.

    Б9 е првата линија на колективната одбрана на НАТО, но и на слободата и демократиите во Европа и светот. Американската посветеност кон НАТО е света. Апсолутно е јасно дека САД ќе го бранат секој сантиметар од НАТО“, кажа Бајден.

    Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, кажа дека посетата на Бајден на Киев испратила јасна порака дека САД се силно посветени кон безбедноста на Европа.

    Путин не се подготвува за мир, туку за уште војна. Не смее да се дозволи Путин да се поигрува со безбедноста на Европа“, порача Столтенберг.

    За тоа време, Путин се појави пред десетици илјади луѓе на стадионот „Лужники“ во Москва, каде што ги величеше руските војници кои се борат во Украина. Претходно се сретна со највисокиот кинески дипломат Ванг Ји, кој ја посети Москва во пресрет на првата годишнина од почетокот на руската инвазија. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира