САД ПОВЛЕКУВААТ 12.000 ВОЈНИЦИ ОД ГЕРМАНИЈА

    САД ПОВЛЕКУВААТ 12.000 ВОЈНИЦИ ОД ГЕРМАНИЈАВо Германија моментално има најмногу американски војници во Европа, но нивниот број сега ќе се намали за 25% (Фото: Гети)

    САД ќе повлечат 12.000 свои војници од Германија, што беше опишано како стратешко репозиционирање на нивните сили во Европа. Околу 6.400 војници ќе бидат вратени дома, а остатокот ќе биде разместен во останатите членки на НАТО, како Италија, Полска и Белгија.

    Доналд Трамп кажа дека овој потег е одговор на тоа што Германија не ги исполнила НАТО целите за вложување во одбраната, но наиде на големо спротивставување во Конгресот од оние кои веруваат дека ова може да ја охрабри Русија. Одлуката беше критикувана и од германските власти, кои сметаат дека ова би можело да го ослабне НАТО.

    „Не сакаме да бидеме глупаци веќе. Ги намалуваме нашите сили затоа што тие не ги плаќаат своите сметки. Толку е едноставно“, изјави Трамп.

    Тој долго време се жали дека европските членки на НАТО би требало да имаат поголем буџет за одбрана и дека веќе не треба толку да се потпираат на САД.

    Ова преместување ќе ја чини американската влада неколку милијарди долари и ќе го намали военото присуство во Германија за 25%. Дел од борбените авиони ќе бидат префрлени во Италија.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари