САД ПРЕПОРАЧУВААТ ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО ГРЦИЈА ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ОД КОВИД-19

    САД ПРЕПОРАЧУВААТ ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО ГРЦИЈА ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ОД КОВИД-19Грција е меѓу 16-те дестинации кои се додадени на листата земји во кои не е препорачливо да се патува (Фото: А. Михајловска)

    Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорача да не се патува во Грција, Малта и Ирска поради зголемен ризик од зараза со коронавирус. Тие се меѓу 16-те нови дестинации кои се додадени на листата земји во кои не е препорачливо да се патува, а оние што патуваат пожелно е да бидат целосно вакцинирани.

    „Целосно вакцинираните патници имаат помала веројатност да се заразат или да го шират коронавирусот. Сепак, меѓународните патувања претставуваат дополнителен ризик дури и за целосно вакцинираните луѓе поради некои варијанти на ковид-19“, вели ЦДЦ.

    Дестинациите кои спаѓаат во високоризични имале 500 случаи на зараза на 100.000 жители во изминатите 28 дена.

    Во почетокот на април Стејт департмент објави листа од 34 држави во кои не треба да се патува, а потоа додаде уште стотина. Откако добар дел од државите беа тргнати од листата во јуни, таа повторно почна да се дополнува поради зголемениот број нови случаи на коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира