САД ВЕЛАТ ДЕКА СО ДРОН ГО УБИЛЕ ОРГАНИЗАТОРОТ НА НАПАДИТЕ ВО КАБУЛ

    САД ВЕЛАТ ДЕКА СО ДРОН ГО УБИЛЕ ОРГАНИЗАТОРОТ НА НАПАДИТЕ ВО КАБУЛАмериканско воено летало прелетува над Кабул после бомбашкиот напад на Исламска држава-Хорасан. (Фото: АФП)

    Американската армија соопшти дека верува оти го убиле организаторот на авганистанското крило на Исламска држава со помош на беспилотно летало. Осомничениот член на Исламска држава-Хорасан, локален огранок на групата Исламска држава, бил ликвидиран во областа Нанархар, на истокот на земјата.

    Дронот, лансиран од Блиски Исток, го погодил терористот додека бил во кола со уште еден член на Исламска држава, и обајцата загинаа, велат од армијата на САД.

    Исламска држава-Хорасан ја понесе одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул. во кој загинаа  170 лица, меѓу кои 13 американски војници.

    Откако талибанците го зазедоа Кабул минатиот месец, во тек се масовни евакуции и прометен авионски сообраќај на аеродромот. Во изминатите две недели, над 100 илјади лица се евакуирани, а рокот за повлекување на американските воени сили, поставен од претседателот Џо Бајден, истекува на 31 август.

    Бајден вети дека ќе им се одмазди на џихадистите кои стојат зад сад самоубиствениот бомбашки напад.

    Исламска држава-Хорасан е најекстремната и најнасилна група од сите групи на џихадисти во Авганистан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира