СЕ СООЧУВАМЕ СО КЛУЧЕН МОМЕНТ ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА БАЈДЕН НА СТАРТОТ НА САМИТОТ НА НАТО ВО ВАШИНГТОН

    СЕ СООЧУВАМЕ СО КЛУЧЕН МОМЕНТ ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА БАЈДЕН НА СТАРТОТ НА САМИТОТ НА НАТО ВО ВАШИНГТОНМакедонската делегација на самитот ја предводи премиерот Христијан Мицкоски (Фото: НАТО)

    Џо Бајден со моќен говор ги пречека лидерите на НАТО на самитот во Вашингтон, на кој западната воена алијанса одбележува 75 години од основањето, ветувајќи дека ќе ја брани Украина од руската инвазија. Во присуство на претседателите и премиерите на 31 членка на НАТО, меѓу кои е и македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, Бајден нагласи дека алијансата е посилна од кога било во својата историја, додека се соочува со клучен момент во војната помеѓу Украина и Русија.

    Предупредувајќи дека автократите го урнаа глобалниот поредок, тој најави нова воена помош за Украина. Покрај САД, и Германија, Холандија, Романија и Италија кажаа дека ќе донираат противвоздушни системи „патриот“ и други системи за да се зајакнат одбранбените способности на Украина од руските ракетни напади.

    Војната ќе заврши така што Украина ќе остане слободна и демократска земја. Русија нема да победи, Украина ќе победи. Владимир Путин сака ништо повеќе, ништо помалку од целосно потчинување на Украина и да ја избрише од мапата. Украина може и ќе го запре Путин“, кажа Бајден, кој збореше 13 минути со чист глас, наспроти несигурниот тон на дебатата со Доналд Трамп минатиот месец.

    На крајот на говорот, Бајден неочекувано го одликуваше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со Медал на слободата, највисоката американска цивилна награда.

    НАТО не е само најголемата и најсилна, туку и најдолготрајна алијанса во историјата. Нема бесплатни опции со агресивна Русија како сосед, нема опции без ризик во војна. Најголемата цена и најголемиот ризик ќе бидат ако Русија победи во Украина, бидејќи тоа ќе го охрабри Путин, но и другите авторитарни лидери во Иран, Северна Кореја и Кина. Времето да се залагаме за слобода и демократија е сега, а местото е Украина. Алијансата ќе продолжи да се соочува со тешки прашања во иднина, но ние сме посилни и побезбедни заедно, во НАТО“, рече Столтенберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира