СЕВЕРНА КОРЕЈА ТЕСТИРАШЕ ПРОЕКТИЛ ПРВПАТ ОТКАКО ПРОПАДНА САМИТОТ ТРАМП-КИМ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ТЕСТИРАШЕ ПРОЕКТИЛ ПРВПАТ ОТКАКО ПРОПАДНА САМИТОТ ТРАМП-КИМТестирањето било надгледувано лично од Ким (Фото: Ројтерс)

    Северна Кореја објави дека успешно лансирала „тактички воден проектил со моќна боева глава“, што е прво такво тестирање откако во февруари пропадна вториот самит на Доналд Трамп и Ким Џонг-Ун.

    Државните медиуми не дадоа други детали за оружјето, но аналитичарите сметаат дека ова не значи враќање кон тестирањата на проектилите со долг домет, со кои Северна Кореја претходно им се закануваше на САД. Сличен тест беше спроведен и во ноември и беше сфатен како обид за притисок врз САД.

    Трамп и Ким пред два месеца повторно се сретнаа во Виетнам за да преговараат за денуклеаризацијата на корејскиот полуостров, но си заминаа предвреме без постигнат договор. Оттогаш имаше малку напредок во нејзиното спроведување.

    Според државната новинска агенција КЦНА, тестирањето било надгледувано лично од Ким.

    „Развојот на оружјето е од големо значење за зголемувањето на борбената моќ на народната армија“, изјавил Ким.

    Нејасно е за каков проектил станува збор, но се проценува дека бил со краток домет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира