ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ ВО КЛАНИЦАТА ВО ГИТЕРСЛОХ УКАЖА НА ЛОШИТЕ УСЛОВИ ВО КОИ ЖИВЕАТ РАБОТНИЦИТЕ ОД ИСТОЧНА ЕВРОПА, МЕЃУ НИВ И МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

    ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ ВО КЛАНИЦАТА ВО ГИТЕРСЛОХ УКАЖА НА ЛОШИТЕ УСЛОВИ ВО КОИ ЖИВЕАТ РАБОТНИЦИТЕ ОД ИСТОЧНА ЕВРОПА, МЕЃУ НИВ И МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИВластите денеска почнаа да им доставуваат храна на работниците на кланицата кои се ставени во карантин (Фото: ЕПА)

    Премиерот на германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, прогласи карантин во областа Гитерслох по масовното ширење на коронавирусот во тамошната кланица. Повеќе од 1.500 работници од кланицата на компанијата „Тенис“ имаа позитивен тест на коронавирус, а илјадници луѓе се ставени во изолација.

    Ова е најголемиот инцидент со заразата во земјата досега. Воведувањето на рестриктивните мерки беше неопходно“, кажа Лашет.

    Локалните активисти со години предупредуваат на лошите, дури и нехумани услови во кои што живеат вработените во кланицата, меѓу кои има и државјани на Северна Македонија, пишува „Дојче веле“. Инге Булчшнајдер дури има организирано и протести за да го сврти вниманието на јавноста кон овој проблем.

    Никој не се интересираше за компанијата ‘Тенис‘, дури ни градот“, огорчено вели таа.

    Тоа сега се смени, па низ Гитерслох секаде има полицајци, војници, градски инспектори и претставници на здравствените власти.

    Булчшнајдер се заинтересирала за фабричките работници откако во 2012 година делела болничка соба со една Бугарка. Таа ѝ раскажала за тешките услови за работа во „Тенис“, за многуте часови прекувремена работа и за мизерните услови за живот на работниците од источна Европа.

    „Сите знаат како изгледаат условите за работниците од источна Европа“, вели една жителка на Гитерслох.

    Работниците од фабриката живеат во голем број различни објекти. Меѓу нив има и лица од Северна Македонија, кои не зборуваат германски, само малку англиски. Велат дека никој не им донесол ништо за јадење уште од петокот, се жалат дека не можат да им се јават на своите семејства во татковината, не им е дозволено да ја напуштат зградата и во нивните простории нема интернет.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари