ШПАНИЈА ЌЕ ВОДИ СПИСОК НА ТИЕ ШТО НЕМА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ И ЌЕ ГО СПОДЕЛИ СО ЕУ

    ШПАНИЈА ЌЕ ВОДИ СПИСОК НА ТИЕ ШТО НЕМА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ И ЌЕ ГО СПОДЕЛИ СО ЕУВозрасните лица имаат приоритет за вакцинација против ковид-19. (Фото: ЕПА)

    Шпанија ќе направи регистар на лица кои ќе одбијат да се вакцинираат против ковид-19 и ќе го сподели со останатите земји членки на Европската Унија, изјави министерот за здравство Салвадор Ила. Списокот, рече тој, нема да биде достапен за јавноста или за вработените во Министерството за здравство и ќе има висока заштита.

    „За да го победиме вирусот, мора сите да се вакцинираме. Што повеќе, толку подобро“, кажа министерот.

    Шпанија е една од земјите која беше најтешко погодена од коронавирус. Во тек е вакцинација со вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

    „Вакцината не е задолжителна. Но, ако луѓето одбијат терапија која им е понудена, тоа ќе биде заведено“, рече тој во интервју.

    Според неодамнешна анкета, бројката на Шпанци кои изјавиле дека нема да се вакцинираат паднала на 28 отсто, во споредба со 47 отсто во ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира