СИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ПОЧЕКААТ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19, КАЖА ФОН ДЕР ЛАЈЕН

    СИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ПОЧЕКААТ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19, КАЖА ФОН ДЕР ЛАЈЕНПовеќето ковид вакцини се даваат во богатите земји. (Фото: АП)

    Европската унија во моментов не е во можност директно да донира вакцини против коронавирус на посиромашните земји, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

    „Има прилично голем притисок врз земјите-членки на ЕУ да набават вакцина за себе“, рече таа.

    Сепак, фон дер Лајен ја истакна финансиската поддршка на ЕУ за иницијативата Ковакс, обид на Светската здравствена организација (СЗО) да им овозможи на посиромашните земји пристап до вакцините.

    „ЕУ инвестираше 2,2 милијарди евра во оваа иницијатива. Ковакс веќе испорача 30 милиони дози вакцини во 52 земји“, рече таа.

    Механизмот што му овозможува на ЕУ блокот да споделува вакцини директно со другите земји нема да започне „сè додека немаме подобра состојба на производство во ЕУ“, според фон дер Лајен.

    Претседателката на Комисијата агресивно водеше кампања за обезбедување вакцини за луѓе ширум светот уште во пролетта 2020. Сепак, повеќето дози се даваат во богатите земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира