СЛАВНАТА УКРАИНСКА АКТЕРКА ОКСАНА ШВЕЦ ЗАГИНА ВО РУСКОТО РАКЕТИРАЊЕ НА СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО КИЕВ

    СЛАВНАТА УКРАИНСКА АКТЕРКА ОКСАНА ШВЕЦ ЗАГИНА ВО РУСКОТО РАКЕТИРАЊЕ НА СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО КИЕВШвец е добитничка најпрестижната украинска награди, Заслужен уметник на Украина. (Фото: Си-Ен-Ен)

    Славната украинска актерка Оксана Швец е убиена во руски ракетен напад врз станбена зграда во Киев. Младиот театар, украинска театарска трупа во која таа беше дел од 1980, ја објави веста за смртта на ѕвездата.

    „Почесната уметничка на Украина Оксана Швец беше убиена за време на ракетен напад врз станбена зграда во Киев“, објави трупата покрај сликата на театарската и филмска ветеранка.

    Швец е дипломка на Државниот институт за театарска уметност во Киев, со повеќедецениска театарска и филмска кариера. Покрај в театар и на филм, играла и во ТВ серии, како што е долгогодишната семејна сага „Дом со кринови“, а добитничка е и на една од најпрестижните украински награди, Заслужен уметник на Украина.

    Швец е уште една високопрофилна личност на Украина која загина во воената агресија на Русија. Актерот Паша Ли беше убиен претходно овој месец додека ја бранеше својата земја од руските војници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира