СТАРТОТ НА КОВИД ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО ЕУ Е ТРОГАТЕЛЕН МОМЕНТ НА ЕДИНСТВО, РЕЧЕ ФОН ДЕР ЛАЈЕН

    СТАРТОТ НА КОВИД ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО ЕУ Е ТРОГАТЕЛЕН МОМЕНТ НА ЕДИНСТВО, РЕЧЕ ФОН ДЕР ЛАЈЕНПрвите дози на вакцината од „Бионтек“ и „Фајзер“ треба да се примат утре низ земјите на ЕУ. (Фото: Твитер)

    Во пресрет на првата вакцинација против коронавирус низ Европската унија, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го опиша почетокот како „трогателен момент на единство“. Првите дози на вакцината од „Бионтек“ и „Фајзер“ треба да се примат утре.

    „Вакцината е достапна во исто време за сите земји на ЕУ. И луѓето ќе започнат да ги земаат вакцините во Атина, Рим, Хелсинки, Софија…“, рече Фон дер Лајен во пораката објавена денеска на социјалните медиуми.

    „Вакцинациите ќе ни помогнат постепено да си ги вратиме нормалните животи“, рече таа, додека во меѓувреме ги повика 450 милиони жители на ЕУ да ги следат мерките на претпазливост за да се спречи понатамошно ширење на пандемијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира