ТАТКО СИ ГИ ЗАДАВИЛ ТРИТЕ ДЕЦА ВО ЗАГРЕБ И СЕ ОБИДЕЛ ДА СЕ САМОУБИЕ

    ТАТКО СИ ГИ ЗАДАВИЛ ТРИТЕ ДЕЦА ВО ЗАГРЕБ И СЕ ОБИДЕЛ ДА СЕ САМОУБИЕТаткото е австриски државјанин, со постојана адреса во Хрватска, кој имал сопствена консултантска фирма. (Фото: Кропикс)

    Три деца, момче и девојче близнаци и уште еден син вчера беа задавени од нивниот 56-годишен татко во нивниот стан во Загреб, по што и тој се обидел да се самоубие. Близнаците имале по 7 години, а помалиот син четири.

    Според полицијата, тие влегле во станот околу 2 часот по полноќ, на основа на информација од социјалните мрежи за наводно самоубиство и го пронашле таткото , по што бил одвезен в болница.

    „На местото на настанот се пронајдени и три безживотни тела на деца, потврдена е насилна смрт, со што постои сомневање за убиство“, соопшти полицијата од Загреб.

    Хрватските медиуми неофицијално пренесуваат дека родителите на децата биле разведени, и викендов биле на гости кај таткото. Тој, според медиумите, се обидел да се самоубие со отров или таблети.

    Таткото е австриски државјанин, со постојана адреса во Хрватска, кој имал сопствена консултантска фирма. Во својот статус на Фејсбук околу полноќ, меѓудругото напишал: „Збогум на сите“, а за мотив ги навел нарушените односи со бившата сопруга и сегашната партнерка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира