ТОЛПА ВЛЕЗЕ НА ПИСТА НА АЕРОДРОМОТ ВО ДАГЕСТАН ЗА ДА СПРЕЧИ ВЛЕЗ НА ПАТНИЦИ ОД ИЗРАЕЛ

    ТОЛПА ВЛЕЗЕ НА ПИСТА НА АЕРОДРОМОТ ВО ДАГЕСТАН ЗА ДА СПРЕЧИ ВЛЕЗ НА ПАТНИЦИ ОД ИЗРАЕЛНепроверено видео објавено на социјалните мрежи покажува луѓе како трчаат на аеродромот во Махачкала, извикувајќи антисемитски слогани. (Фото: Скриншот Икс)

    Толпа упадна на аеродромот во Дагестан барајќи патници кои пристигнуваат од Тел Авив. Непроверено видео објавено на социјалните мрежи покажува луѓе како трчаат на аеродромот во Махачкала, извикувајќи антисемитски слогани. Дел од нив влегуваат на пистата и го опкружуваат авионот кој слетал од Израел.

    Кабинетот на израелскиот премиер соопшти дека Русија мора да дејствува решително против поттикнувањето насилство врз Евреите и Израелците.

    Руската агенција за воздухопловство го затвори аеродромот, а безбедносните сили се на терен, јавуваат руските медиуми.

    Владата на Дагестан соопшти дека е отворено кривична постапка за нередот кој е предизвикан на аеродромот.

    „Им препорачуваме на сите лица кои ги прекршиле оперативните процедури на аеродром да не продолжуваат со незаконски дејствија и да не се мешаат во работата на вработените во аеродромот“, соопшти локалната самоуправа на Телеграм.

    Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека очекува руските власти да ги заштитат сите израелски граѓани и Евреи и да преземат цврсти мерки против насилството кон Евреите и Израелците.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира