ТРАМП БАРА ПОГОЛЕМА ПРОВЕРКА ЗА НОСЕЊЕ ОРУЖЈЕ, НЕ КАЖА КАКО

    ТРАМП БАРА ПОГОЛЕМА ПРОВЕРКА ЗА НОСЕЊЕ ОРУЖЈЕ, НЕ КАЖА КАКОТрамп ги осуди нападите во Тексас и Охајо во кои загинаа 29-мина какомварварски злосторства „против целото човештво“. (Фото: АП)

    Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги осуди нападите во Тексас и Охајо што се случија викендов како варварски злосторства „против целото човештво“ и повика за меѓупартиска соработка заради одговор на епидемијата на насилство со оружје. Трамп рече дека бара закони кои ќе овозможат „посилна проверка“ за корисниците на оружје, но не даде детали и ги прекрши претходните ветувања по масовните убиства.

    „Ветуваме дека ќе дејствуваме со итна акција“, рече Трамп, во обраќањето од Белата куќа во кое зборуваше за нападите во кои загинаа 29 луѓе, а над 50 се ранети. Претходно, твитна дека законот за претходна проверка на корисниците на оружје ќе биде во пар со она што тој одамна го бара, построг имиграциски систем. Но не кажа како и зошто ги поврзува двете прашања.

    Обајцата масовни убијци се американски државјани, а полицијата истражува дали антиимигрантскиот став е мотив за нападот во Ел Пасо, Тексас.

    Трамп повика на владеење на правото и побара компаниите за социјални медиуми да сторат повеќе за да се борат со екстремизмот и да препознаваат знаци за насилство онлајн. Тој повика да запре глорификацијата на насилството во американската култура, закони со кои ќе биде полесно да се затвроат оние со ментална болест и „закони со  црвено знаменце“ за тие луѓе да немаат допир со оружје. Трамп побара од Министреството за правда воведувањето смртна казна за случаите на злосторства од омраза и масовни пукања да биде приоритет.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари