ТРАМП БАРАЛ ДА СЕ ПУКА ВО НОЗЕТЕ НА МИГРАНТИТЕ И НА ГРАНИЦАТА ДА СЕ ИСКОПААТ РОВОВИ СО АЛИГАТОРИ, СЕ ВЕЛИ ВО НОВА КНИГА

    ТРАМП БАРАЛ ДА СЕ ПУКА ВО НОЗЕТЕ НА МИГРАНТИТЕ И НА ГРАНИЦАТА ДА СЕ ИСКОПААТ РОВОВИ СО АЛИГАТОРИ, СЕ ВЕЛИ ВО НОВА КНИГАКнигата ги опишува настаните од март 2019 кога Трамп се обиде целосно да ја запре миграцијата на границата со Мексико (Фото: АФП)

    Доналд Трамп предлагал на мигрантите да им се пука во нозе, се вели во новата книга што ја објавија двајца новинари на „Њујорк тајмс“.

    Книгата насловена „Гранична војна: среде војната на Трамп против имиграцијата“, напишана од Мајкл Шир и Џули Дејвис, е заснована на интервјуата со десетина неименувани функционери и ги опишува настаните од март 2019, кога Трамп се обиде целосно да ја запре миграцијата на јужната граница на САД.

    Според книгата, Трамп предложил на мигрантите да им се пука во нозете за да не можат да бегаат, но му било кажано дека тоа не е законски. Тој наводно предложил и други драстични мерки, како градење електрифицирана шилеста ограда и копање ровови со алигатори.

    „Приватно, Трамп често зборуваше за утврдување на границата со ровови исполнети со вода, алигатори и змии, а сакаше и електрифицирана ограда со шилци на врвот, на кои би можело да прободе човечко тело“, се вели во книгата.

    Изградба на ѕид на американско-мексиканската граница беше едно од најголемите предизборни ветувања на Трамп. Таа почна откако од средствата на Пентагон беа обезбедени 3,6 милијарди долари.

    Белата куќа досега не ги коментираше наводите од книгата што ја објави „Њујорк тајмс“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари