ТРАМП ЌЕ БИДЕ ИНАУГУРИРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ СРЕДЕ ПРОТЕСТИ И СОБИРИ ЗА ПОДДРШКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Вашингтон,(разниизвори)

    ТРАМП ЌЕ БИДЕ ИНАУГУРИРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ СРЕДЕ ПРОТЕСТИ И СОБИРИ ЗА ПОДДРШКА

    Илјадници поддржувачи и противници на Доналд Трамп пристигнуваат во Вашингтон, додека републиканецот се подготвува да даде заклетва за функцијата како 45. претседател на САД.

    Околу 800 до 900 илјади луѓе отпатуваа за Вашингтон, иако не е јасно колкумина од нив се дојдени да ја прослават инаугурацијата и колкумина се да протестираат. Се очекуваат демонстранти за и против Трамп, вклучувајќи собир за поддршка на новиот претседател, организиран од Моторџии за Трамп по завршувањето на церемоницијата, како и Женски марш за расна и полова еднаквост закажан за утре.

    Паралелно со церемонијата во Вашингтон, пред кулата на Трамп во Њујорк се одржува протест против новиот претседател, предводен од Мајкл Мур, Марк Рафало, Роберт де Ниро и Сели Филд.

    На пладне по локално време (18ч. по македонско), Трамп ќе ја постави раката на Библијата некогаш користена од Абрахам Линколн, соочувајќи се со тешката задача да води со држава јасно разделена со неговиот избор.

    Новоизбраниот претседатеч на САД го започна денот со традиционалната богослужба во црквата Сејнт Џон до Белата Куќа, пред средбата со претседателот на заминување Барак Обама и патот до Капитол за пренос на моќта.

    Само 40 отсто од Американците го гледаат Трамп поволно, најниско ниво од сите претседатели во последно времиња, соопшти анкетната агенција „Галуп“, а дури и 78 отсто го оценуваа позитивно Обама во 2009 година.

    Прославите за инаугурацијата на Трамп се планирани, имајќи го предвид единството на нацијата и ќе бидат пристапни за американската работна класа која што беше клучен фактор на поддршка на Трамп. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира