ТРАМП ЌЕ ГИ ВООРУЖУВА СИРИСКИТЕ КУРДИ, ТУРЦИЈА СЕ ПРОТИВИ НА ОДЛУКАТА

    ТРАМП ЌЕ ГИ ВООРУЖУВА СИРИСКИТЕ КУРДИ, ТУРЦИЈА СЕ ПРОТИВИ НА ОДЛУКАТАСАД веруваат дека сириските демократски сили предводени од Курдите се најефективниот партнер на теренот во војната против ИСИС во северна и источна Сирија - Доналд Трамп (Фото: АП)

    Администрацијата на американскиот претседател Трамп објави дека ќе ги вооружува курдските борци во Сирија „колку што е потребно“ за повторно да го освојат клучното упориште на Исламската држава, градот Рака., и покрај противењето на Турција, која курдските борци ги смета за терористи.

    Одлуката е донесена за да се забрза операцијата за освојување на Рака, но ги игнорира турските ставови дека курдските борци во Сирија се дел од курдската терористичка организација која е активна во Турција.

    Вашингтон е настојчив да го ослободи Рака со образложение дека тоа упориште е засолниште на оперативата на Исламска држава од каде се планираат нападите кон Запад.

    САД веруваат дека сириските демократски сили предводени од Курдите се најефективниот партнер на теренот во војната против ИСИС во северна и источна Сирија. Портпаролот на Белата куќа Дана Вајт во писмена изјава соопшти дека тие се „единствената сила на теренот што со успех може да го преземе Рака во блиска иднина“.

    Претходната администрација на претседателот Обама иако поддржуваше вооружување на сириските Курди, се воздржуваше од таков чекор за да не ги наруши односите со Турција, која е американски сојузник во НАТО и клучен политички актер во пошироката област на Блискиот Исток.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира