ТРАМП МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЕРДОГАН ЗА ПОБЕДАТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ

    ТРАМП МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЕРДОГАН ЗА ПОБЕДАТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ(Фото: АП)

    Американскиот претседател Доналд Трамп му честиташе на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на неговата победа на референдумот во неделата, која му даде големи нови овластувања.

    Во телефонски разговор, претседателот на САД, исто така, му се заблагодари на Ердоган за поддршката на ракетниот напад на Америка врз воздухопловната база на сириската влада на 7 април.

    На референдумот, 51,4% од турските гласачи поддржаа промени на уставот со кои функцијата претседател доби поголеми овластувања и ќе му овозможи на Ердоган да владее до 2029 година.

    Ердоган ги отфрли критиките од меѓународните набљудувачи, кои рекоа дека тој бил фаворизиран од „нееднаква кампања“.

    „Треба да си го знаете местото”, им рече тој на набљудувачите.

    Тесната победа беше прогласена за валидна од Избирачката комисија на Турција, и покрај тврдењата за неправилности од опозицијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира