ТРАМП ПОТПИША ИЗВРШНА НАРЕДБА ЗА РЕФОРМИ НА ПОЛИЦИЈАТА

    ТРАМП ПОТПИША ИЗВРШНА НАРЕДБА ЗА РЕФОРМИ НА ПОЛИЦИЈАТАТрамп ги отфрли повиците за расформирање на полицијата (Фото: АП)

    Доналд Трамп потпиша извршна наредба за реформи на полицијата, но ги отфрли повиците за нејзино расформирање или престанување на финансирањето.

    Реформите предвидуваат подобрување на полициските практики, вклучувајќи создавање федерална база на податоци за следење на полицајци кои имаат историја на злоупотреби.

    Наредбата на Трамп уследи по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд при приведувањето, што иницираше нов бран на масовни протести против расизмот и полициската бруталност. Некои градови предложија и порадикални промени.

    Обраќајќи се во Белата куќа, Трамп ја бранеше полицијата и ги осуди вандалите и анархистите.

    „Мора да пронајдеме заедничка основа. Остро се спротивставувам на радикалните и опасни повици за расформирање на полицијата или за престанување на нејзино финансирање. Без полиција би имале хаос“, изјави Трамп.

    И демократите и републиканците во Конгресот развиваат свои планови за реформа на полицијата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира