ТРАМП СЕ ПЛАШИ ДЕКА ХИЛАРИ КЛИНТОН ЌЕ ГИ НАМЕСТИ ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"САД,(Би-Би-Си)

    ТРАМП СЕ ПЛАШИ ДЕКА ХИЛАРИ КЛИНТОН ЌЕ ГИ НАМЕСТИ ИЗБОРИТЕ

    Републикански кандидат за претседател на САД Доналд Трамп изјави дека изборите во ноември може да бидат „наместени“. На митингот во Колумбус, Охајо тој рече дека слуша “сѐ повеќе и повеќе“ дека трката ќе биде нефер. Не даде докази за тоа.

    „Искрено, страв ми е дека изборите ќе бидат наместени. Треба да бидеме внимателни на 8 ноември“, рече Трамп, а подоцна во интервју на Фокс го повтори истото: „Се надевам дека републиканците ќе следат што се случува, или ќе ни ги земат изборите“.

    На друг настан тој ја нарече „ѓавол“ демократската ривалка Хилари Клинтон. Трамп го нападна и Берни Сандерс поради тоа што „капитулирал“ и ја поддржал Клинтон.

    „Направи договор со ѓаволот. Таа е ѓавол“, рече Трамп.

    И републиканците и демократите го осудија Трамп за навредите што ги кажа за родителите на американскиот муслимански војник кој загина во Ирак на 27 години при експлозија на автомобил-бомба во 2004 и постхумно е одликуван со највисокиот орден.

    Поранешниот републикански претседателски кандидат Џон Мекејн е највисокиот сопартиец кој го критикуваше Трамп за нападот. Мекејн, ветеран од војната во Виетнам, во острата изјава рече дека Трамп „нема неконтролирана дозвола да ги навредува најдобрите меѓу нас“.

    Родителите на војникот, Кизр Кан и сопругата Газала, изјавија дека е време да му се застана не патот на Трамп, но тој ги обвини дека „злобно“ го нападнале. Трамп предизвика контроверзија оти рече дека на Газала Кан како муслиманска жена не ѝ било дозволено да зборува додека стоеше до сопругот кој говореше на Демократската конвенција минатата недела.

    Во друга пригода, американскиот милијардер Ворен Бафет го предизвика Трамп да ги објави своите даночни пријави. Трамп имаше изјавено дека пријавите не може јавно да се објават додека трае ревизијата на финснсиските власти. Бафет вели дека нема правила кои забрануваат објавување на даночните пријави и давање можност на јавноста да поставува прашања за нив.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари