Претседателот на САД Доналд Трамп го прифати бипартискиот договор што ќе го прекине 35-дневното затворање на федералната влада, со што ќе се овозможи финансирање кое ќе ги отвори затворените државни агенции. Предлогот кој е поддржан од претседавачите на Конгресот ќе овомoзожи финансирање на владата до 15 февруари, и засега не вклучува пари за изградба на ѕидот вдлож границата со Мексико на што инсистираше Трамп.
Ќе им бидат исплатени и платите на околу 800.000 вработени во федералната државна администрација, кои месец и пол работеа без надомест. Но Трамп не се откажува од изградбата на ѕидот и се закани дека ако нема „фер договор“ за финансирање на тоа ќе ја затвори владата и по вторпат.
Продолженото затворање на државните институции ја загрози националната безбедност и инфраструктурата, со значајни задоцнувања во авиосообраќајот на главните аеродроми. ФБИ исто така предупреди дека неговите агенти работат без плата и дека критичните мерки за сузбивање на криминалот се видно намалени.