ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ СИ ОДАТ ОД ИРАК ДОДЕКА СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ИРАНЦИ ГО ИСПРАЌААТ ГЕНЕРАЛОТ СОЛЕЈМАНИ

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ СИ ОДАТ ОД ИРАК ДОДЕКА СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ИРАНЦИ ГО ИСПРАЌААТ ГЕНЕРАЛОТ СОЛЕЈМАНИМолитвите и погребната поворка за Солејмани во Техеран ги предводи Ајатолахот Али Хаменеи, кој во еден момент и заплака. (Фото: АП)

    Доналд Трамп му се закани на Ирак со сериозни санкции откако тамошниот парламент побара од американската војска да ја напушти земјата.

    Тензиите во регионот повторно пораснаа откако во американски воздушен напад во Багдад беше убиен најмоќниот ирански генерал Касем Солејмани, кој утре ќе биде погребан во родниот град Керман.

    Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи се молеше над ковчегот на Солејмани и другите кои загинаа во атентатот. Хаменеи, кој имаше блиска врска со Солејмани, во еден момент заплака за време на традиционалната исламска молитва за мртвите, а толпата лелекаше. (Фото: АП)

    „Ние имаме исклучително скапи бази таму. Нивната изградба чинеше милијарди долари. Не си одиме освен доколку не ни ги вратат сите тие пари“, кажа Трамп.

    Солејмани важеше за втор најмоќен човек во Иран, а како водач на елитните единици Кудс, раководеше со сите ирански операции на Блиски Исток, создавајќи мрежа на добро вооружени групи во Либан, Ирак и Сирија.

    Стотици илјади луѓе од утрово се на улиците на Техеран за да му оддадат почит на Солејмани, кој во Иран има статус на национален херој. (Фото: АП)

    Стотици илјади луѓе од утрово се на улиците на Техеран за да му оддадат почит на Солејмани, кој во Иран има статус на национален херој. Молитвите ги предводи Ајатолахот Али Хаменеи, кој имаше блиска врска со Солејмани, и кој во еден момент заплака за време на традиционалната исламска молитва за мртвите, а толпата лелекаше. Иранската државна телевизија соопшти дека погребната поворка ја следат милиони луѓе.

    „САД ги очекува мрачен ден. Лудиот Трамп мисли дека сѐ е готово со убиството на татко ми“, изјави ќерката на Солејмани, Зенаиб.

    Освен тоа што се закани со сериозна одмазда, Иран објави дека сега веќе не го обврзуваат никакви ограничувања од нуклеарниот договор од 2015 година.

    „Ветуваме дека со иста сила ќе продолжиме по патот на маченикот Солејмани и единствената компензација за неговата смрт ќе биде целосно отстранување на Америка од регионот“, изјави новиот водач на Кудс, Есмаил Гани. (Фото: АП)

    „Ветуваме дека со иста сила ќе продолжиме по патот на маченикот Солејмани и единствената компензација за неговата смрт ќе биде целосно отстранување на Америка од регионот“, изјави новиот водач на Кудс, Есмаил Гани.

    САД имаат околу 5.000 војници во Ирак како дел од меѓународната коалиција против Исламска држава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира