Твитер ја додаде ознаката „манипулирачка вест“ на видеото објавено од Доналд Трамп, кое прикажува изменета медиумска содржина, проследена со наслов „Преплашено дете бега од бебе расист“.
Оригиналната снимка, која се прошири на социјалните мрежи во 2019 година, прикажува црномуресто и бело бебе како се стрчуваат едно кон друго за да се гушнат. Видеото беше објавено и на сајтот на Си-Ен-Ен со наслов „Овие две бебиња ни покажуваат како изгледаат најдобри другари“.
Во видеото што го објави Трамп, едно од бебињата трча пред другото, проследено со банерот „Бебето расист е веројатно гласач на Трамп“. Видеото, кое беше прегледано 7,7 милиони пати и споделено 125.000 пати, потоа продолжува со оригиналното видео, кое вели „Америка не е проблемот, туку лажните вести“.
„Означуваме твитови кои содржат синтетички и манипулирачки вести за да им помогнеме на луѓето да ја разберат нивната автентичност и да обезбедиме дополнителен контекст“, соопшти Твитер, кој веќе неколку пати означува твитови на Трамп со предупредувања.