Од понеделник, 19 јули, сите патници кои се целосно вакцинирани против ковид-19 кои доаѓаат во Англија и Велс од Франција, ќе мора да седат во карантин 10 дена.
Владата пред неколку дена ја измени листата на места за кои не е потребен карантин при враќањето во Англија, како на пример Ибица и Мајорка. Одлуката не важи за Франција, поради брзото ширење на бета сојот на ковид-19, познат како јужноафрикански сој.
Околу 3.4 отсто од новозаболените во Франција регистрирани во последните 4 недели имаат бета сој.
Позаразниот делта, или индиски сој, пак е регистриран кај речиси сите новозаболени во Британија.
„Постојано потенцираме дека нема да се двоумиме да преземеме брзи акции на нашите граници со цел да го спречиме ширењето на ковид-19 и да ги заштитиме придобивкките од нашата успешна имунизација“, изјави министерот за здравство Саџид Џавид.