ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ДОМА И ВО СТРАНСТВО, ВЕЛАТ НОВИТЕ АМЕРИКАНСКИ ПРЕПОРАКИ

    ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ДОМА И ВО СТРАНСТВО, ВЕЛАТ НОВИТЕ АМЕРИКАНСКИ ПРЕПОРАКИОние што имаат примено две дози веќе не треба да се тестираат за коронавирус. - Аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон (Фото: СДК.МК)

    Целосно вакцинираните жители на САД можат слободно да патуваат низ земјата без да се тестираат за коронавирус или да одат во карантин, објави Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

    Центарот објави нови препораки за патувања, кои велат дека лицата кои имаат примено две дози од вакцината против ковид-19 можат безбедно да се движат низ земјата. Тие смеат да патуваат и во странство бидејќи „имаат мали шанси да се заразат и да го шират вирусот“.

    Вакцинирањето против ковид-19 значително се забрза во САД во изминатите месеци и дневно се даваат околу 2,5 милиони дози, некогаш и повеќе од три милиони. Земјата досега има одобрено три вакцини: „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.

    ЦДЦ и натаму препорачува да се носи маска и да се избегнуваат места со многу луѓе.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира